Dark Mode Light Mode

Тимот на СЗО: Малку веројатно е дека корона вирусот се проширил од лабораторија во Вухан

Вирусот Ковид-19 веројатно не потекнува од пазарот во Вухан бидејќи било утврдено дека вирусот циркулира на друго место во градот. Исто така малку е веројатно дека станува збор за истекување од лабораторијата, откриваат во заедничка мисија научници на Светската здравствена организација и научници од Кина.

Заедничкиот тим на СЗО и кинескиот тим рекоа дека тие веруваат дека пазарот во Хуанан не е местото од каде што Ковид-19 проширил на луѓето.

Лидерот на тимот на СЗО, Питер Бен Ембарек, изјави дека неговата истрага открила нови информации, но дека тие не ја смениле драматично сликата за избувнувањето. Ембарек, експерт за вируси на СЗО, рече дека хипотезата за протекување на вирус од лабораторијата е малку веројатна и нема да бара дополнителни студии како дел од нивната работа за проучување на потеклото на вирусот.

Реклама

Ембарек вели дека препорачува анализирање на нови материјали, вклучително и примероци од крв, што може да помогне во идентификување на претходните случаи во Кина.

Тој смета дека најверојатно Ковид-19 се пренел на луѓето преку некое посредничко животно, но сè уште не е јасно кое.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ширењето на британската мутација во земјава не е доволна причина за заострување на мерките

Next Post

Ковид - статистика во Скопје: 26 лица со компликации примени во болница за 24 часа

Реклама