Dark Mode Light Mode

Во Србија почнува и давањето на втората доза на вакцини

Во Србија до овој момент се вакцинирани 555.000 граѓани, а од денеска на 200 пунктови 5.500 лица ќе ја примат втората вакцина, со што почнува масовната ревакцинција на жителите.

-Втората доза на вакцина денеска ќе им биде дадена на 5.500 граѓани, утре 15.000, потоа 30.000, за да се дојде до 60.000 лица во еден ден. Да потсетиме, имавме речиси 60.000 вакцинации во еден ден, значи ќе имаме 60.000 ревакцинации во еден ден,  изјави директорот на Канцеларијата за ИТ и е-влада Михаило Јовановиќ.

Граѓаните кои ја примаат втората доза на вакцината веќе добија СМС порака и е-пошта каде и во кое време треба да се јават. Доколку се случи некој да не е информиран, а поминат е 21 ден од вакцинацијата, треба да дојде до точката каде што ја примил првата доза.

Реклама

-Речиси 950.000 граѓани досега изразија интерес за вакцинација преку е-управа и кол-центарот, а со ревакцинација продолжува и процесот на вакцинација со првата доза, кажа Јовановиќ.

Паралелно во Србија продолжи да пристигнуваат нови дози на вакцини. Утринава на белградскиот аеродром пристигнаа 50.000 нови дози на руската вакцина „Спутник V“, а вчера пристигнаа 8.190 дози на вакцината за коронавирус произведена од компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Понеделнички со шише и волан во рака: 12 лица возеле пијани во Скопје

Next Post

Тројца професори од ПМФ со порака до Царовска: Наставниците треба реформата да ја чувствуваат како своја, а не како наметната

Реклама