Dark Mode Light Mode

Филипче го потпиша договорот за 200.000 кинески вакцини, испораката во текот на месецов

Во текот на месецов во Македонија треба да пристигнат 200.000 вакцини против корона вирусот на кинескиот производител „Синофарм“. Министерот за здравство Венко Филипче преку Фејсбук денеска објави дека точниот датум на испораката ќе биде утврден следните денови.

-Ја почитуваме одредбата од договорот за тајност, податоците остануваат доверливи. Направивме детален план за процесот на вакцинација во три фази. Сите вакцини се безбедни и сигурни за граѓаните. Со имунизацијата почнуваме овој месец, наведе Филипче.

Вакцината на „Синофарм“ се чува и дистрибуира на температура од 2 до 8 степени, а вакцините се пакувани во формулација на претходно наполнет шприц, што ја олеснува и самата апликација на вакцината. Се очекува вакцините да пристигнат на аеродромот во Скопје, а направен е детален план за транспорт на вакцината од аеродром до економските оператори (веледрогерии) кои се задолжени за складирање на количините. Планот предвидува вакцинацијата на едно лице да трае по десет минути, а јавни здравствени установи ќе работат во две смени со цел да се постигне што повисока стапка на вакцинација на дневно ниво. 

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Словачка и Чешка со јасен став: ЕУ не е арбитер, историски прашања да не се вметнуваат како услов за проширување

Next Post

Дневна статистика ковид-19: 9 нови хоспитализирани во Скопје, вкупно се 250

Реклама