Dark Mode Light Mode

Османи: Политиката стана принцип за евроинтеграции

Наместо врз основа на учинок, процесот на евроинтеграција стана непредвидлив, нејасен и според моменталната политика ситуација, оцени денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, на прес-конференцијата со словачкиот министер за надворешни и европски работи Иван Корчок.

Османи рече дека сме свесни оти во ЕУ не треба да внесуваме недоразбирања, но она што ни се воведува како принцип е пред се политички, а не мериторен, алудирајќи на ветото од Бугарија поради кое стартот на преговорите за нас и за Албанија е запрен.

Тој смета дека Акцискиот план кој ние го предложивме во ноември треба да обезбеди паралелно да продолжи и европскиот процес на земјава, додека се преговара за разликите.

Реклама

За овој Акцискиот план кој се однесува на начините на продолжување на соработката меѓу двете земји во сите области, ќе биде основа за протоколот на следната седница на Меѓувладината комисија која се надева дека ќе се организира што побрзо.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Николоски решителен против луксузирањето: Ја броиме секоја чаша вода на министрите

Next Post

Истражувања: Раст на евроскептицизмот и поддршката за Евроазиската унија, САД ни се поважни од ЕУ

Реклама