Dark Mode Light Mode

Газдите на обложувалници до Владата: Со измените на законот ќе пропаднеме

Испровоцирани од предлог-измените на Законот за игри на среќа кои веќе се изготвуваат во Министерството за финансии, а наскоро треба да бидат објавени и на ЕНЕР, сопствениците на обложувалници побараа итна средба во Владата со образложение дека ова ќе значи клуч на врата на нивниот бизнис.

Тие се незадоволни од предложените измени кои се однесуваат на покачување на даноците и оддалечување на деловните објекти 500 метри од училишта и високообразовни институции.

Нивен аргумент контра барањето за дислоцирање на обложувалниците е дека густата населеност во поголемите градови и близината на училиштата меѓу себе не остава простор за ниту еден објект за игри на среќа во урбаните средини, особено во помалите градови со една главна улица и неколку споредни.

Реклама

За даноците кои ги плаќаат, пак, велат дека се највисоки во Европа.

Поради ова, ако се донесат ваквите измени, велат дека 8.000 лица преку ноќ ќе останат без работа, а негативно влијание ќе има и врз 50.000 работни места во други стопански гранки, кои индиректно зависат од оваа индустрија.

Она што дополнително ќе се појави се целосно илегален пазар на игри на среќа и „диви“ обложувалници.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Регулаторите одлучија: Бензините поскапи за 1,5 денар, а дизелот за еден денар

Next Post

Николоски решителен против луксузирањето: Ја броиме секоја чаша вода на министрите

Реклама