Dark Mode Light Mode

Заев: Да престанеме со предвремени избори, ги стопираат инвестициските проекти

-Не е време за предвремени избори, бидејќи тие ја стопираат државата во натамошениот развој и патот кон евроинтеграциите, порача премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање, дали е согласен за предвремени избори заедно со локалните избори на есен како што бара опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот е уверен дека приоритетот во наредниот период ќе биде подобрување на стандардот,нови инвестиции и отварање на работни мести, наместо избори кои според него ќе го стопираат економскиот развој.

– Треба да престанеме со предвремени избори, тие ги стопираат ваквите инвестициски проекти и севкупната економија. Државата има јасен правец по кој се движи, европеизацијата продолжува , сите тешки одлуки кои се донесоа во минатото беа заради економскиот стандард на народот, заради отварање на нови работни места. Секое предвремено истрчување на избори значи кочење на ваквите процеси, затоа редовните избори се во 2024 година и треба да опстоиме на тоа, истакна Заев.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 22 пациенти, а вкупно се лекуваaт 263 болни

Next Post

Осум починати, 199 новозаразени и 264 оздравени од корона вирусот

Реклама