Dark Mode Light Mode

Матурантите од денеска на настава, ако нема решение ќе кампираат пред Министерството за образование

Матурантите кои досега ја бојкотираа наставата од денеска ќе се вратат на он-лајн часовите, но очекуваат до крајот на месецот да им се прифатат барањата за скратување на државната матура. Во спротивно, се најавува радикализација на протестите со поставување на шатори пред Министерството за образование.

Тие очекуваат во македонскиот парламент да се изгласаат измени во Законот за средно образование кои се однесуваат на начинот на полагањето на матурата. Се бара наместо по четири матурантите да полагаат испити по два предмета – мајчин јазик и предмет од областа која матурантот планира да ја студира.

-Се враќаме на настава за да им оставиме простор на пратениците да најдат решение. Чекаме Комисијата за образование, наука и спорт да го разгледа Предлог-законот. По средбите што ги имавме во Собранието, Сојузот на средношколци е сигурен дека има поддршка од повеќе од 70 пратеници. Ако не се прифатат и гласаат нашите барања до крајот на месецов, ние ќе почнеме да кампираме пред МОН. Нашиот бојкот е последица на немањето слух за нашите проблеми, укажувања, аргументи и конкретни предлози за изменување на годинашната државна матура. Сојузот им остава можност и време на институциите да ги прифатат и спроведат нашите барања, изјави Бленди Ходаи, претседател на Сојузот на средношколците.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Јужноафриканската Република приврeмено ги прекина плановите за вакцинирање со вакцината на „АстраЗенека“

Next Post

Тешко повреден моторџија кај ГП „Блаце“

Реклама