Dark Mode Light Mode

Стоилковски: По земјотресот 63-тата, Шилегов е најголемата катастрофа за Скопје

Четврта година на функција, а градоначалникот Петре Шилегов го остави главниот град без ниту еден свој капитален проект, изјави денеска Наум Стоилковски, портпарол на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека се уште единствените проекти кои ги работи Шилегов се оние кои веќе беа отпочнати и наследени од неговиот претходник.

Се што вети излажа. Вети и излажа чист алпски воздух. Градот Скопје е еден од главните градови во Европа со најмногу загаден воздух. Мандатот го започна со уништување на шумата на Водно и масакарот на падините кон Матка. Вети капитални сообраќајни решенија. Вети и излажа спуштена крстосница кај Мавровка. Вети и излажа продолжување на булеварот Илинденска. Вети и излажа тунел под Кале. Скопје го има најубавиот неизграден тунел под Кале и најубавата неизградена крстосница кај Нова Македонија ветена од Шилегов, укажа Стоилковски.

Тој додаде дека градоначалникот од Универзалната сала сакал да прави паркинг, а готовите решенија за нејзино обновување кои ги наследи се уште му стојат во фиока.

Реклама

Шилегов ги остави младите генерации без Луна Парк, готови машини стојат во хангари, а Шилегов до толку не е способен дури и да ги монтира. Шилегов четврта година продава магла, лаги. А Скопје стагнира. Напред одат само бизнис интересите на скопскиот градоначалник. Пола милион евра потроши за макети во Зоолошката градина и за новогодишни лампиони. Шилегов е срам за Скопје, потенцира Стоилковски.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Осум починати, 199 новозаразени и 264 оздравени од корона вирусот

Next Post

Пукање на Бит Пазар: Едно лице заврши во болница

Реклама