Dark Mode Light Mode

Облачно, со повремени врнежи од дожд

Во Скопје денес претпладне ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени.

На останатото подрачје во Македонија времето денеска претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови. На места врнежите ќе бидат поројни, а ќе има и услови за појава на грмежи. На повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Поради изразеното јужно струење ќе има транспорт на пустинска прашина, што ќе предизвика на места дождот да биде обоен. Попладне во поголем дел од земјава врнежите ќе престанат. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

До четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, во вторник и четврток на места пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Од петок под влијание на продор на постудена воздушна маса ќе дува засилен северен ветер, а температурите значително ќе опаднат.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Доделени наградите од Друштвото на писателите за 2020 година

Next Post

Јужноафриканската Република приврeмено ги прекина плановите за вакцинирање со вакцината на „АстраЗенека“

Реклама