Dark Mode Light Mode
Казнети 157 возачи во Скопје, поминувале на црвено, немале возачка...
Убаво, Општина Центар додели 400.000 денари помош за Петриња и Сисак кои беа погодени од земјотрес
Царовска објасни во МАНУ за реформите, а академиците...

Убаво, Општина Центар додели 400.000 денари помош за Петриња и Сисак кои беа погодени од земјотрес

Општина Центар додели парична помош во висина од 400.000 денари на градовите Петриња и Сисак во Хрватска. Овие два града неодамна беа погодени од разорен земјотрес.

-На предлог на градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, на вчерашната седница едногласно од страна на сите советници беше изгласана помошта за граѓаните на Петриња и Сисак во Хрватска по разорниот земјотрес кој се случи на 29-ти декември минатата година, соопштија од Општината.

Земјотресот чиј епицентар беше близу до Петриња, на 50-тина километри од главниот град на Хрватска, Загреб, одзеде најмалку седум животи, многумина ги остави без домови и покрив над главите и целиот град го претвори во рушевина.

Реклама

Средствата ќе бидат уплатени во Фондот за солидарност на посебната сметка на Црвениот крст на Република Северна Македонија и во најбрз можен рок ќе им бидат достапни на граѓаните на Петриња и на Сисак.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Казнети 157 возачи во Скопје, поминувале на црвено, немале возачка...

Next Post

Царовска објасни во МАНУ за реформите, а академиците...

Реклама