Dark Mode Light Mode

Бензините поевтинуваат за две денари, престанува да важи Уредбата за скалеста акциза

Цената на бензините и на дизел горивото од ноќеска на полноќ ќе биде поевтина за два денари. Ова е вонредна одлука која денеска ја донела Регулаторна комисија за енергетика од причина што Уредбата за одредување на скалеста акциза престанува со важност од ноќеска на полноќ, а измените на Законот со кои тоа требаше да се спроведе, се уште не се изгласани во Собранието, бидејќи нема кворум.

Новите максимални цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ ќе бидат: Еуросупер БС 95 ќе чини 61 денар за литар, Еуросупер БС 98 – 63 денари, Еуродизел БС (Д-Е В) 52,50 денари, Маслото за горење- Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 41,50  денари за литар и Мазут М-1 НС ќе се продава по цена од 30,823 денари за килограм.

Од РКЕ информираат дека доколку во меѓувреме Собранието на РСМ ги изгласа измените на Законот за акциза во кои се вметнати одредбите од Уредбата донесена на крајот на јуни 2020, РКЕ ќе закаже седница и ќе изврши соодветно усогласување на одлуката, односно повторно ќе ги изедначи цените на екстра-лесното масло за домаќинство и дизелот.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

На влез во Скопје полицијата запре возило со 40 килограми марихуана

Next Post

Со парите наменети за новогодишно украсување општина Чаир купи две амбулантни возила 

Реклама