Dark Mode Light Mode

На влез во Скопје полицијата запре возило со 40 килограми марихуана

Со полициска акција вчера бил пресечен меѓународен канал за транспорт на наркотична дрога марихуана, која од Косово била транспортирана на територијата на Македонија, соопшти денеска МВР.

–На булеварот „Јадранска магистрала”, на влезот во Скопје било запрено патничко возило „Шкода фабија”, управувано од А.М. (42) од Скопје. При извршениот преглед на возилото, во багажникот се пронајдени две големи вреќи со марихуана, во вкупно количество од околу 40 килограми, со пазарна вредност од над 100.000 евра, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи (МВР).

А.М., како што информира МВР, е лишен од слобода и спроведен во полициска станица за понатамошна постапка, при што во текот на денот ќе биде предаден со кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје. А.М. бил осудуван и издржувал затворска казна, а во 2017 година во Србија е лишен од слобода при транспорт на поголема количина хероин.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Царовска објасни во МАНУ за реформите, а академиците...

Next Post

Бензините поевтинуваат за две денари, престанува да важи Уредбата за скалеста акциза

Реклама