Dark Mode Light Mode

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 17 пациенти, а вкупно се лекуваaт 379

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 379 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

 

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало осум приеми и тоа двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за Гастроентерохепатологија. На Клиниката за Неврологија биле примени 4 пациенти и по еден пациент е хоспитализиран на Клиниката за Дерматологија и на Клиниката за уво нос и грло.

Реклама

 

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 3 во текот на вчерашниот ден.

 

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 10 оздравени пациенти.

 

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 28 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 26 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациент, на

 

Клиниката за очни болести 3 пациенти, а на ОРЛ 16 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 21 пациент.

 

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 102 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 96 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 24 пациенти.

 

Вкупно 379 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

 

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

 

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

149 санкционирани возачи во Скопје, 15 за управување со брзина поголема од дозволената

Next Post

Уапсени пет скопјани кај кои е пронајдена марихуана

Реклама