Dark Mode Light Mode

149 санкционирани возачи во Скопје, 15 за управување со брзина поголема од дозволената

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.01.) продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, од кои 15 за управување со брзина поголема од дозволената, 24 мерки за возење без возачка дозвола, 19 за нерегистрирани и технички неисправни возила, три санкции за управување под дејство на алкохол, 11 за користење на мобилен телефон, две за непрописно престигнување и обиколување и пет мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Скопјанец нападнат во Аеродром

Next Post

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 17 пациенти, а вкупно се лекуваaт 379

Реклама