Dark Mode Light Mode

Повремениот дожд ќе се дружи со слаб до умерен јужен ветер

Во Скопје ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 10 степени.

И во останатиот дел од Македонија ќе биде претежно  облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови, каде локално ќе наврнат нови над 20 л/м2. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег од кои ќе има дополнителна снежна покривка. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 15 степени.

Во следните денови ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд. До понеделник врнежите повремено ќе бидат поројни и најобилни во западните делови каде дневните количества на воден талог понекаде ќе надминуваат 20 л/м2. Во западните делови и особено на северозападот на планините ќе врне снег и значително ќе се зголеми снежната покривка. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места особено на северот од вечерните часови во сабота и преку ноќта.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

На 28 јануари Филхармонија ја најавува богатата концертна година

Next Post

Летале по улиците, да не брзале за во црква да одат?

Реклама