Dark Mode Light Mode

Не е само историјата проблем, а основците на снег ли ќе вежбаат јога и пилатес?

Основците во Македонија ќе можат и да вежбаат пилатес и јога како резултат на промените кои се предложени како нов концепт на основното образовние што го иницира Министерството за образование. Ова е предложено како можност во рамките на воннаставни содржини и изборни предмети за кои ќе можат да се определат учениците. Освен овие содржини ќе се овозможи и избор за изучување на втор јазик при што ќе има можност да се учи и албански јазик.

Инаку, веќе е познато дека со новата Концепција се предвидува групирање на предметите биологија, хемија, физика и дел од физичката географија во еден предмет – природни науки, додека предметите историја, дел од географија и граѓанско образование би се здружиле во друг предмет – општествени науки. Исто така, предметите музичко и ликовно би се здружиле во уметничко образование, а техничкото образование и информатика би требало да се спојат во еден предмет – техника, технологија и информатика.

Во дебата која се покрена во јавноста се поставува и прашањето дали во нашите училиште постојат основни предуслови за визионерските измени од типот на јога и пилатес. Така, на пример, во однос на можноста да се вежбаат јога и пилатес на површина исплива поразителен факт дека околу 130-тина основни училиште во земјава немаат спортски сали!? Порталот МКД.мк објави податок дека од 364 основни училишта во земјава 250 имаат спортски сали за реализација на наставата по предметот спорт и спортски активности. Останатите училишта, пак, имале спортски игралишта за ваква намена. Меѓутоа, изведувањето на час по физичко во овие училишта зависело до временските прилики.

Реклама

Засега не е познато дали некаде во светот се вежба јога и пилатес на снег или на дожд во калтта. Можно ли е да е така во Финска, ама уште тоа не го виделе од министерството за образование, како што „видоа“ дека не се учи историја?

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Починале 22 пациенти од вирусот - најмладите имале 43 и 44 години, новозаразени се 129 лица

Next Post

МАНУ: Потребно е систематско и посебно изучување на македонскиот јазик и македонската историја

Реклама