Dark Mode Light Mode

Во скопските ковид центри за 24 часа се хоспитализирани 36 пациенти

Во ковид центрите во Скопје во изминатите 24 часа се хоспитализрани 36 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Инаку, вкупно 482 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град на Македонија.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 9 приеми и тоа четири пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија и по еден пациент на Институтот за ТБЦ, на ОРЛ, на Очната клиника, на Неврологија и на Гастроентерохепатологија.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 15 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 12 болни.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 40 оздравени пациенти.

Реклама

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 44 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, на Клиниката за очни болести 17 пациенти, а на ОРЛ 23 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 23 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 104 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 147 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 41 пациент.

Вкупно 482 пациенти потврден и сомнителн за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40 тина слободни места.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Снаодливиот Шилегов и најде нова употребна вредност на заштитната маска

Next Post

26-годишник тешко повреден, со „Мерцедес“ удрил во столб по што интервенирале дури и пожарникари

Реклама