Dark Mode Light Mode

Починале 22 пациенти од вирусот – најмладите имале 43 и 44 години, новозаразени се 129 лица

Во последните 24 часа во Македонија се направени 591 тестирања, а регистрирани се 129 нови случаи на ковид-19. Ова пред малку го соопшти Министерството за здравство.

Од новозаразените 63 случаи се во Скопје, Куманово 4,Штип 4,Прилеп 14,Тетово 7,Велес 4,Битола 1,Охрид 2,Кавадарци 12,Гостивар 2,Гевгелија 4,Струмица 1,Крива Паланка 1,Радовиш 1,Кочани 1,Пехчево 1,Берово 1,Виница 1,Делчево 1,Кичево 3 и Неготино 1.

-Починати се 22 лица, три пациенти од Скопје (44, 61 и 67г.), еден од Куманово (88г.), еден од Дебар (43г.), од Штип (64г.), пријавени се девет пациенти од Прилеп од кои тројца се починати во изминатото деноноќие (85, 81, 87, 87, 70, 96, 69, 79 и 68г.),  двајца од Струга (86 и 78г.), еден пациент од Велес (75г.), од Битола (58г.), од Гевгелија (72г.), од ПЕ Делчево/ Македонска Каменица (86г.) и еден пациент од Кичево (69г.). Пациентите се починати во болнички услови., се наведува во информацијата.

Реклама

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1122 оздравени пациенти.

-Досега во земјата се направени вкупно 381.207 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 78434, бројката на оздравени пациенти е 55155, на починати е 2314, а бројот на активни случаи изнесува 2096, информира Министерството.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Бензините поскапи, а дизелот поевтин за половина денар по литар

Next Post

Не е само историјата проблем, а основците на снег ли ќе вежбаат јога и пилатес?

Реклама