Dark Mode Light Mode
Облачно со магла по котлините и температура до 13 степени
Филипче денеска на седница на бугарската влада, ќе се збори и за вакцините против корона вирусот
Од денеска се забранети сите летови од и кон В. Британија

Филипче денеска на седница на бугарската влада, ќе се збори и за вакцините против корона вирусот

Министерот Венко Филипче, на покана на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов и министерот за здравство проф. Костадин Ангелов денеска ќе присуствува на седница на владата на Република Бугарија, соопшти Министерството за здравство.

На седницата во Софија се очекува да се разговара за тоа Република Македонија да добие дел од правата пратка вакцини што ќе стигнат во Република Бугарија.

Поддршката од земјите членки на ЕУ е вториот механизам преку кој нашата земја ќе обезбеди вакцини против Ковид 19. Досега таков вид на помош, на нашата земја и понудија и Полска и Грција. Освен со купување одредена количина од вакцините на овие земји членки на ЕУ, нашата земја обезбеди вакцини против Ковид 19 и преку Ковакс механизмот. Во тек се разговори и со произведувачите за евентуална директна набавка од нив.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Облачно со магла по котлините и температура до 13 степени

Next Post

Од денеска се забранети сите летови од и кон В. Британија

Реклама