Dark Mode Light Mode

Комисијата за заразни болести предлага 14 дневна самоизолација за патниците од Велика Британија

Министерството за здравство информира дека на утринскиот состанок, Комисијата за заразни болести усвои нова мерка – 14 дена самоизолација за сите граѓани кои во Македонија со директни летови ќе дојдат од Велика Британија.

-Оваа нова предлог рестриктивна мерка, за влез во земјава ќе биде предложена на Главниот координативен штаб, а е донесена превентивно по информациите дека нова мутација на корона вирусот, се шири во Англија и според првичните епидемиолошки анализи е позарaзна.

Комисијата за заразни болести засега не ја разгледува опцијата да предложи дополнителна мерка – како задолжителен ПЦР тест за влез во нашата земја, односно да предложи рестриктивна мерка за влез или излез од земјава, соопшти Министерството за здравство.

Реклама

Оттаму апелираат до сите граѓани кои патуваат да ги почитуваат здравствените протоколи, како задолжително носење заштитна маска во автомобил или друго превозно средство, а превозниците да ја почитуваат мерката за бројот на патници се со цел заштита на здравјето на граѓаните.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Донесен Буџетот за 2021 вреден 4 милијарди евра, за опозицијата расипнички се крадат парите од граѓаните

Next Post

Фатени 20 возачи во Скопје кои возеле пијани, а колку не биле фатени...

Реклама