Dark Mode Light Mode

Заев до Каракачанов: Во 1943г. не сме заспале како Бугари, а утредента сме се разбудиле како Македонци

Сме биле Македонци и остануваме Македонци, во 1943 година не сме заспале како Бугари, а утредента сме се разбудиле како Македонци, изјави на денешната конференција за печат премиерот Зоран Заев. Тој така одговори на изјавата на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов дека македонскиот индентитет не постоел до 1944 година.

-Апелирам до Бугарија и до мојот пријател Каракачанов да знаат колку тоа повредува кога некој разговара за твоите чутвства. Секој има право да се определи како да се чувствува без оглед каде се наоѓа. Ако се европејци, европско право е да се почитува нашето право на определување. Ја знаеме глаголицата, кирилицата, го знаеме развојот на македонскиот јазик, рече Заев.

Тој додаде дека со Бугарија имаме зеадничка историја…

Реклама

-Но имаме и засебна историја на двете земји. Да бидеме паметни, заедничката историја да не зближува, Болно беше ветото, трагично и катастрофално. Наша должност е да отвoраме  перспективи, минатото да не сплотува, а историјата да ја оставиме на историчарите, потенцира премиерот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Заев објави куп приоритети со кои Европа ќе ја носел во Македонија, корупцијата меѓу првите ќе пострадала

Next Post

Македонското географско друштво: Географијата треба да опстане без никакво припојување со други предмети

Реклама