Dark Mode Light Mode
Александар Васоски замина од Вардар
На веб страната на финската образовна програма „Историја“ е посебен предмет
Филмот „Улиште“ со македонска копродукција на „Санденс“

На веб страната на финската образовна програма „Историја“ е посебен предмет

Не стивнуваат реакциите откако министерката Мила Царовска вчера најави дека, по примерот на Финска, предметот „Историја“ практично ќе оди во историјата, односно ќе се преточел во „општествени науки“. Пораки стигнуваат од читателите на „Скопско ехо“ не само од Скопје и Македонија, туку и од надвор.

Речиси и да нема позитивна реакција, особено заради чувствителноста на периодот во кој се наоѓа државата, што пак вчера резултираа со и официјално вето од Софија.

Настрана од политиката, има и реакции чија цел е да се покаже дека во Финска предметот „историја“ си постои засебно. Па така ако се отвори на страната на финскиот образовен систем: www.oph.fi „историја“ стои како посебен предмет во основното образование, наведен меѓу останатите, но и со опис детален за тоа која е целта на изучувањето на истиот.

Реклама

Меѓу коментарите доминираат и такви дека не може и не смее да се става во иста реченица македонскиот и финскиот модел на образование: првиот постојано мета на критики и во состојба на постојана недоразвиеност, а вториот прогласен за најдобриот во светот.

Но, сепак најмногу реакции има дека ова е уште еден слугарски потег на власта кон соседите кои сакаат ние да немаме историја, а нашите деца да учат дека се никој и ништо.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Александар Васоски замина од Вардар

Next Post

Филмот „Улиште“ со македонска копродукција на „Санденс“

Реклама