Dark Mode Light Mode

Трагедија: Почина 40-годишна медицинска сестра од корона вирусот

Четириесетгодишната медицинска сестра Ирена Дојчиновска Милошевска е од геронтолошкиот завод „13-ти Ноември“ во Скопје е најмлада медициснка сестра која почина од корона вирусот, соопшти денеска Здрушение на медицински сесри, техничари и акушерки.

Оттаму велат дека таа била голем борец и хуманитарец во, но и вон своите работни обврски.

-Сакаме да апелираме и да потенцираме дека вирусот е навистина безмилосен и не постојат рамки на возраст во кој тој напаѓа. Ова не е првата жртва медицинска сестра, меѓутоа е најмладата. Медицинските сестри секојдневно го ризикуваат својот живот и животот на своите најблиски за пациентите. Ве молиме придржувајте се до мерките и помогнете на здравствениот систем кој одамна се бори вон своите можности,велат од извршниот одбор на Унијата.

Реклама

Унијата на ЗМСТАС сестра Ирена ќе ја памети како некој кој несебично се даваше во сите активности поврзани во нашата борба за сестринските права, ќе ја паметиме како голем човекољубец, лојален соработник и голем пријател.

Погребот ќе биде утре на денот нејзиниот роденден.  

„Ангелите никогаш не умираат“, велат од Унијата.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ниски облаци и температура до 9 степени

Next Post

Музичките педагози незадоволно и свирнаа на Царовска и нејзиниот нов концепт

Реклама