Dark Mode Light Mode

Александар Васоски замина од Вардар

Тренерот на ФК Вардар, Александар Васоски, ја напушта клупата на скопскиот клуб.

Денешниот триумф на „црвено-црните“ во Струмица против Беласица со 3-0 беше последниот меч за популарниот Тетовче на клупата на Вардар.

Тој се заблагодари за поддршката и испрати апел за спас на клубот.

Реклама

„Почитувани спортски пријатели, навивачи на Вардар, почитувана спортска јавност. Сакам во името на стручниот штаб да ви се заблагодарам за поддршката што му ја дававте на Вардар во овој тежок период за клубот. Почитувани Вардарови фудбалери, вашите имиња треба да се впишат со златни букви во историјата на овој клуб затоа што не дозволивте клубот да доживее црно сценарио. Што се однесува до мене, јас ветив дека до декември ќе останам, но немам веќе сили да се борам. Затоа, од денеска официјално не сум тренер на Вардар. Благодарност до `Комитите` и сите поддржувачи на Вардар и мој апел до надлежните – да не се дозволи најсветото нешто во македонскиот фудбал да згасне“, рече Васоски по денешниот меч.

И покрај големиот број заминувања од Вардар, по напуштањето на Самсоненко на „црно-црвеното“ семејство, Васоски остана на кормилото на клубот и со сите расположливи сили се бореше клубот да не згасне. Минатата сезона Вардар под негово водство ја освои титулата иако комплетното првенство не се доигра поради пандемијата на коронавирусот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Притвор за тројцата фатени со 100 килограми марихуана на автопатот Скопје – Велес

Next Post

На веб страната на финската образовна програма „Историја“ е посебен предмет

Реклама