Dark Mode Light Mode

Инспекторатот: Во кругот на Железара работат фирми без елаборати за животната средина

Фирми кои немаат елаборати за заштита на животна средина работат во кругот на поранешната Железара, утврдил Државниот инспекторат за животна средина. Контролата во соработка со Инспекторатот на Град Скопје е извршена по барање на граѓанит еод оваа подрачје на скопската општина Гази Баба.

-Сите правни субјекти се задолжени во најкус можен рок да изработат елаборати и да обезбедат одобрение од соодветна институција во согласност со закон, соопштува ДИЖС

На вториот инспекциски надзор извршено е мерење на бучавата која се прави во погонот на „Макстил“, на што, исто така, се жалеа граѓаните. Резултатите ќе биде познати во наредниве денови но при увидот беше потврдено дека бучавата доаѓа од Макстил, поточно од електролачната печка за топење на старо железо. „Макстил“ е задолжен да го води производниот процес на начин кој нема да создава бучава и да го нарушува мирот и спокојот на граѓаните.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Приведени тројца малолетници кои украле чанта од жена на улица во Скопје

Next Post

1.340 пациенти се лекуваат од вирусот во болниците низ Македонија, има 150 празни кревети

Реклама