Dark Mode Light Mode

Измамници вработени во полиција фатени во Визбегово со обележани пари

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело измама, предвидено и казниво согласно член 247 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

„ Како соизвршители на кривичното дело, лицата на возраст од 30 и 40 години од Долно Свиларе, од кои едниот бил вработен во Агенцијата за национална безбедност, а другиот како униформиран полициски службеник во СВР Скопје, стапиле во контакт со едно лице на кое лажно му прикажале факти за својот идентитет. Со намера за себе да прибават противправна имотна корист, тие му се претставиле со лажни имиња и му прикажале лажни факти според кои против правно лице од Куманово се води постапка од одделението Интерпол при МВР Скопје. Притоа тие му презентирале електронско досие во кое имало докази за наводно незаконско работење, противправно посредување во средување на визи за косовски државјани, нелегално пренесување и продажба на ПЦР-тестови за Ковид-19 и други незаконитости во работењето. Оштетениот го одржале во заблуда така што му прикажале лажни факти дека во Одделението за Интерпол во МВР Скопје наводно работат сопруга и братучед на еден од осомничените, па му побарале пари за предметот против правното лице да биде затворен. На договорена и остварена средба со оштетениот на 8 декември во Визбегово, оштетениот им исплатил 600 евра кои претходно биле криминалистичко-технички обработени и фотографирани. По лишување од слобода, парите биле пронајдени кај еден од осомничените“, се наведува во соопштението.

Имајќи предвид дека постои опасност од бегство и присуството на осомничените во текот на постапката не може да се обезбеди со ниту една друга мерка, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и на двајцата осомничени им определи притвор во траење од 8 дена​.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Нови 1.161 заразени, починати 26, оздравени 806 лица

Next Post

До кога децата ќе учат преку „Мајкрософт“, каде исчезна националната платформа?

Реклама