Dark Mode Light Mode

Променливо облачно, температура до 10 степени

На скопското подрачје денеска ќе преовладува променливо облачно со утринска слаба магла, а попладне и во текот на ноќта се очекува да биде променливо облачно. Утринската температура ќе биде 4, а дневната ќе достигне до 10 Целзиусови степени.

Променливо облачно време, попладне и во текот на вечерните часови се очекува и на подрачјето на целата земја. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура се движи од 4 до 5, а дневната од 8  до 13 Целзиусови степени.

Во наредниот период претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се зголемува висината на снежната покривка. По котлините ќе има појава на утринска магла. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер. Стабилизирање на времето се очекува од вторник.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Вторник стартува конкурсот „Роман на годината„ распишан од Фондацијата „Славко Јаневски“

Next Post

Владата и додели на општина Арачиново неповратни 500.000 евра, ќе добие ли јавноста одговор за причините?

Реклама