Dark Mode Light Mode

Нови 1.161 заразени, починати 26, оздравени 806 лица

Во последните 24 часа се направени 3.114 тестирања, а регистрирани се 1.161 нови случаи на коронавирус, починале 26 лица, а оздравеле 806 пациенти, соопшти вечерва Министерството за здравство.

Најмногу нови случаи има во Скопје-410,  по што следи Битола со 75, Прилеп со 59, Тетово – 58, Кавадарци и Велес  по 55,  Куманово и Штип по 54, Охрид 51,  Гостивар и  Гевгелија-38, Кочани-28, Струмица-27, Струга-25,  Неготино-24, Дебар-19, Свети Николе-18, Радовиш-14, Кичево  12, Крива Паланка-10,  Пробиштип и Ресен по седум, Валандово и Делчево по  пет, Кратово-3, Ресен-7, Демир Хисар и Кратово по три, Македонски Брод и Виница по два, а по еден случај во Пехчево, Берово и Крушево.

Институтот за јавно здравје  денеска регистрира 806 оздравени пациенти од: Скопје-295, Куманово-34, Дебар-4, Штип-20, Прилеп-49,  Тетово-45, Струга-25, Велес-29, Битола-62, Охрид-33, Кавадарци-18, Гостивар-41, Гевгелија-15, Струмица-22, Крива Паланка-8, Радовиш-3, Крушево-3, Кочани-14, Пробиштип-7, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-9, Валандово-4, Виница-4, Кратово-1, Свети Николе-7, Кичево-14, Ресен-16 и Неготино-19.

Од починатите 26 лица, седум пациенти се од Скопје (61, 66, 63, 67, 68, 64 и 30г), двајца од Куманово (53 и 63г), двајца од Штип (64 и 78г), двајца од Прилеп (85 и 85г), еден пациент од Струга (71г), еден од Битола (61г), четири пациенти од Гостивар (57, 83, 76 и 75г), еден од Струмица (80г), еден од Крива Паланка (73г), двајца од Кочани (66 и 67г), еден од Пробиштип (35г), пациент од Делчево (64г) и еден од Кичево (66г). Пациентите се починати во болнички услови.

Реклама

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 72.044, бројката на оздравени пациенти е 48.170, на починати е 2.077, а бројот на активни случаи изнесува 21.797.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 31.101,  активни 11.152
• Куманово 4.207, активни 661
• Дебар 545, активни 151
• Штип 3018, активни 489
• Прилеп 3574, активни 927
• Тетово 4331, активни 1010
• Струга 1724, активни 421
• Велес 2392, активни 693
• Битола 2589, активни 901
• Охрид 1973, активни 579
• Кавадарци 1614, активни 603
• Гостивар 3020, активни 876
• Гевгелија 912, активни 280 (65 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 156 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1966, активни 560
• Крива Паланка 515, активни 133
• Радовиш 507, активни 132
• Крушево 150, активни 72
• Кочани 1402, активни 256
• Пробиштип 399, активни 70
• Демир Хисар 217, активни 54
• Македонски Брод 193, активни 35
• Пехчево 115, активни 20
• Берово 441, активни 100
• Валандово 246, активни 54
• Виница 411, активни 121
• Делчево 583, активни 273 (164 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 171, активни 29
• Свети Николе 964, активни 212
• Кичево 1422, активни 380
• Ресен 549, активни 187
• Неготино 793, активни 366 (120 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 3114 теста се преку: ИЈЗ-937, ЦЈЗ Скопје-57,  Авицена-268, Биотек-208, МАНУ -186,  Жан Митрев (Филип Втори)-210, Систина со PCR метода -157, лабораторија Лаор –39, Судска медицина-9, ЦЈЗ Битола-77, Инфективна клиника-5, ГАК-11, Синлаб-29, Ремедика-25, лабораторија болница Козле-19, ЈЗУ (рапид тест) -875, УК Пулмологија со алергологија –2, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 360.216 тестирања на коронавирус.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

1.340 пациенти се лекуваат од вирусот во болниците низ Македонија, има 150 празни кревети

Next Post

Измамници вработени во полиција фатени во Визбегово со обележани пари

Реклама