Dark Mode Light Mode

50 нови пациенти хоспитализирани во ковид-центрите во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 50 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека вкупно 478 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

– Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 19 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид-центарот на Клниката за неврологија, двајца болни се хоспитализирани на ОРЛ, двајца на Клиниката за дерматовенерологија, осум пациенти на Клиниката за гастроентерохепатологија и еден на очната клиника. Во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 нови приеми на пациенти од кои еден пациент е веднаш ставен на респиратор. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден имало 18 приеми,, посочуваат од ресорното министерство од каде додаваат дека во изминатите 24 часа дома се пуштени 37 оздравени пациенти.

Реклама

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40-тина слободни места, а се очекува во текот на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Автобус и автобил се судрија на патот Скопје-Куманово

Next Post

Вардар на 22 декември ќе игра против Пик Сегед

Реклама