Dark Mode Light Mode

До кога само ќе го мерите загадувањето, ќе направите ли и друго нешто?

Министерството за животна средина и Град Скопје помогнати од УНДП поставија т.н. мониторинг станица за мерење на нивото на загадување во воздухот во училиштето „Јоаким Крчовски“ во Волково. Целта на нејзиното поставување е да се мерат поединечните извори на загадување па врз основа на тоа да се креирале политики за заштита и унапредување на квалитетот на воздухот.

Станицата ќе стои 15 дена во дворот на ова, а потоа на друго училиште. Но што е со реалните мерки, до кога само ќе го мериме воздухот за кој веќе со години е јасно колку е загаден-прашуваат граѓаните.

– Град Скопје ги даде парите за украсување на градот, а мернава станица УНДП ја купи, наместо парите да се пренаменат во борбата со ковид 19, за децата кои немаат компјутери?!

Реклама

– И онака само мерите, со прст не мрднавте за загадувањето, па сега уште една станица на скопјани нема ништо да им смени! Со здравје да си ја користите!

– И после откако ќе ги утврдите поединечните загадувачи, што ќе направите, ќе ги казните или како?! Ниедна фабрика не плати ништо а го угушија градот…

Ова се само дел од реакциите на граѓаните кои ги следат на интернет ваквите објави.

Не треба ни да се заборави дека мерни станици за отвровни ПМ 10 честички веќе постојат на повеќе локации низ главниот град и државата, па никогаш не придонесоа за конкретни дела за намалување на загадувањето – освен што ги вознемируваа граѓаните и се вест за медиумите. Локалните власти и оваа година, покрај тоа што речиси едногласно решија, не направија скоро ништо за да се справат со аерозагадувањето. И годинава Скопје ги урива светските црни листи на угушени градови, а зимата допрва доаѓа.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Облачно со ветер и повремен дожд

Next Post

Шестмина осомничени, досега најден само дел од украдените два тона марихуана

Реклама