Dark Mode Light Mode

Облачно со ветер и повремен дожд

Во Скопје денеска ќе биде облачно со умерен до повремено засилен јужен ветер и со повремено поинтензивен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Времето во Македонија ќе биде облачно, наутро со пообилни и на места поројни врнежи од дожд (над 20 л/м2), а на повисоките планини од снег. Од вечерните часови кон четврток понекаде во планинските региони ќе има услови за појава на замрзнат дожд. Ќе дува и умерен до засилен југоисточен ветер најинтензивен долж Повардарието и во источните делови. Утринската температура ќе се движи од 1 до 7, а дневната од 7  до 13 степени.

Во следниот период ќе преовладува умерено до значително облачно време со повремени врнежи од слаб до умерен дожд, а на планините со повремен снег, наутро ќе има услови за појава на магла во котлините. Наутро постудено ќе биде во петок и за време на викендот.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Кој мајстор ги прави економските проценки во владата?

Next Post

До кога само ќе го мерите загадувањето, ќе направите ли и друго нешто?

Реклама