Dark Mode Light Mode

За една недела починале 184 лица од вирусот, за 10 проценти помалку во претходната

За околу 11 проценити била намалена смртноста од Ковид – 19 во неделен период од 30 ноември до 6 декември во споредбата со седмицата пред неа, покажува редовна неделна анализа на Институтот за јавно здравје. За овој период биле пријавени 184 смртни случаи од 25 градови, што е намалување од 10,7 отсто.

Во однос на возраста, 158 лица биле над 60 години, 20 лица на возраст од 50-59 години, 5 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и еден случај во возрасната група од 30-39 години.

Во анализираниот период имало 6.463 нови позитивни случаи од 35 градови во државата а што е за 4,2 проценти помалку во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје – 2.610.

Реклама

-Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 (1.639, 25,4%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (1.244; 19,2 отсто), 40-49 (1.222; 18,9 отсто), 50-59 (1.217; 18,8 проценти) и 20-29 (791; 12,2 отсто). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (107; 1,7 проценти) и 10-19 години (243; 3,8 отсто).

Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 83.32, оздравеа 44.705,  починаа 1.949, а активни случаи се 21.678.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Убаво, но треба уште: Засадени над 500 зимзелени дрвца во Чаир

Next Post

Бугарското вето е голема геостратешка грешка потенцира македонската влада

Реклама