Dark Mode Light Mode

Филипче: Следната недела ќе вежбаме на терен се околу вакцијацијата за Ковид-19

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да ја спроведеме, вели министерот за здравство Венко Филипче во објава на социјалните мрежи.

Тој посочи дека вакцинирањето ќе го спроведат лекари и медицински сестри кои во овој момент не работат со ковид-пациенти.

-Делот на прием, чувањето на вакцините, дистрибуцијата до местата каде што ќе бидат аплицирани веќе планот е во завршна фаза, но во текот на следната недела ќе организираме и една вежба на терен како тоа би изгледало, соопшти министерот.

Реклама

Како што додаде, препораката е први да бидат вакцинирани здравствените работници, вработените во војската и полицијата, сите јавни службеници, во јавниот транспорт, хроничните болни сите критични групи согласно мислењето на експертите.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Две дерби пресметки во ПМФЛ

Next Post

Бројот на новозаболени од вирусот за една недела опадна за 9.9 проценти, смртноста и натаму висока

Реклама