Dark Mode Light Mode

Бројот на новозаболени од вирусот за една недела опадна за 9.9 проценти, смртноста и натаму висока

Во периодот од 23 до 29 ноември во земјава регистрирани се 6.745 нови позитивни случаи од 35 градови во Македонија што е намалување за 9,9 проценти во однос на неделата пред овој период, покажува редовната анализа на Институтот за јавно здравје. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје – 2.863, а процентот на позитивни од тестирани   18.767 лица е 35,9 отсто.

-Во овој период пријавени се 206 смртни случаи од ковид-19 од 25 градови што е намалување за 1 процент во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 169 лица биле над 60 години, 30 лица на возраст од 50- 59 години, 3 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 4 случаи во возрасната група од 30-39 години, наведува ИЈЗ.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години – 1.624, а голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 години – 1.409, 40-49 години – 1.258, 50-59 години -1.210 и 20-29 години – 877. Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 години – 99 и 10-19 години -61 случај.

Реклама

-По добиени 2 негативни теста или со употреба на новиот алгоритам, оздравени се водат 5.930 лица кои биле лекувани а што е за 16,3 проценти повеќе во споредба со минатата недела, информира ИЈЗ.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Филипче: Следната недела ќе вежбаме на терен се околу вакцијацијата за Ковид-19

Next Post

Скопје се затресе со 3,4 степени по Рихтер, возмениреност во повисоките згради

Реклама