Dark Mode Light Mode

Заев го праќа Бучковски во Софија оти имал добри контакти со Бугарија и бил добро примен од нивната јавност

Владата денеска објасни зошто го избрала Владо Бучковски за специјален третставник во Бугарија. Тој бил одличен познавач на македонско-бугарските односи, почитуван од бугарските општествени и политички чинители. Има добри контакти со Бугарија и добро е примен од нивната јавност, изјави портпаролот на Владата, Душко Арсовски.

-Има позитивни перцепции за неговите политики како поранешен премиер и е прифатен како некој што и порано придонесувал позитивно кон подобрувањето на односите со соседска Бугарија и треба да придонесе кон создавање  позитивна атмосфера за да се надмине проблемот со Бугарија, рече Арсовски.

Во однос на прашањето за тоа што точно се разговара со Бугарија и што содржи Патоказот за спроведување на Договорот меѓу Македонија и Бугарија, Арсовски објасни дека Владата смета дека споменуваниот план треба да се однесува на динамиката на спроведување на билатералниот договор, надвор од преговарачката рамка.

Реклама

-Се разговара за сите загрижености и дилеми, кои Бугарија ги изнесува во јавност, за начинот и динамиката на спроведувањето на Договорот од 2017 година, како да се забрза изградбата на Коридорот 8, како да запре говорот на омраза, за начинот на кој ќе се забрза работата на Историската мешовита комисија, во насока на воспоставување доверба во процесот. Договорот е сериозен документ и нема потреба од нов договор и анекс. Потребно е само да се дообјасни и детализира во некој придружен документ и во таа насока е патоказот, изјави портпаролот на Владата.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Скопје се затресе со 3,4 степени по Рихтер, возмениреност во повисоките згради

Next Post

Ѓоргиев до бугарскиот колега Димитров: Да се подредува нашата работа на политички барања е неприфатливо

Реклама