Dark Mode Light Mode

Две дерби пресметки во ПМФЛ

На македонската фудбалска сцена денеска  ќе се игра прволигашки фудбал. На програмата е 14. коло кое ќе го одбележат две дерби пресметки. Првата е меѓу водечкиот двоец Шкендија и Македонија ЃП, а втората меѓу поранешните шампион, последнот македонски претставник во квалифиакциите од Лигата на шампионите Силекс и најтрофејниот Вардар. Старите познаници ќе играат за пробив во горниот дел од табелата.

Тимот од „Ѓорче Петров“  кој сезонава добри гази, заборавил кога последен пат не се израдувала на победа против Шкендија во Тетово. Статистистиката говори дека се поминати 14 години откако „лавовите“ триумфирале против тетовските „црвено-црни“. Денеска во Тетово доаѓаат да ја прекинат традицијата и да направат рокада на лидерската позициај.

Шкендија сезонава не е така доминантна. Во 13. одиграни кола е единствен тим кој нема пораз, но дури шестпати ремизираше. Македонија ЃП доаѓа на мегдан со серија од три победи и реми со Шкупи. Шкендија дербито го дочекува со низа од три нерешени исходи и една победа во последните четири меча.

Реклама

Актуелниот шампион Вардар после две последователни победи го очекува тешко гостување во Кратово. Силекс изминатиофв викенд после подолго време им се врати на победите освојувајќи ја Битола. За Вардар и во најдобрите денови, Кратово се покажувал како тежок терен. „Црвено-црните“ посакуваат одмазда за домашниот пораз на стартот од сезоната, кога загубија со 0-4.

ПРВА ЛИГА, 14. КОЛО (13 ЧАСОТ)

ТетовоШкендија – Македонија ЃП

МаџариШкупи – Беласица

АренаРаботнички – Пелистер

КратовоСилекс – Вардар

СЦ „Пандев“Академија Пандев – Ренова

ВелесБорец – Струга Трим Лум

ТАБЕЛАШкендија 27 бода, Македонија ЃП 26, Шкупи 25, Струга Трим Лум 20, Борец 19, Вардар 19, Силекс 17, Работнички 14, Пелистер 12, Ренова 11, А. Пандев 10, Беласица 9.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Пораз на Еурофарм Пелистер во Европската лига

Next Post

Филипче: Следната недела ќе вежбаме на терен се околу вакцијацијата за Ковид-19

Реклама