Dark Mode Light Mode

Субвенции за оџаци е добро, но на други оџаци треба да мисли Град Скопје

Уште денеска трае можноста граѓаните да аплицираат за доделување субвенции за чистење на оџаци. Ова е една од мерките на Град Скопје за, како што велат, намалувањето на последиците од загадувањето на воздухот. Она што зачудува е што оваа година се предвидени 2 милиони денари за оваа мерка, или околу 1660 субвенции, а се пристигнати само 470 барања.

Пред неколку дена Градот потсети дека истекува рокот за аплицирање и повика луѓето да се пријавуваат. Но не наиде на голем прием од скопјани:

– Какви оџаци?! Гледате дека луѓето не ви се ни пријавуваат, конкретни мерки ни треба, конкретни, а не субвенции за оџаци…

Реклама

– Бесплатните маски, до каде се? За пријател хронично болен прашувам, не ви е срам? Ќе се украсува градот и се даваат пари за чистење на оџаци, за жал очајни се меркиве. Градоначалникот нека даде маил, па секое утро и вечер ќе му праќаме состојба на загаденост во Ново Лисиче, Центар, Карпош…

– На други оџаци треба да мислите за да го намалите загадувањето, иако и ова не е за поценување што го правите…

– За што ќе ги пренамените парите што ќе ви останат од субвенциите за оџаци? Имате ли конкретни идеи?

Ова се само дел од коментарите на скопјани на социјалните мрежи но и на Фејсбук страната на Град Скопје.

Зимата официјално почнува за 20 дена, до овој момент никој од надлежните не излезе со конкретна стратегија како ќе им се помогне директно на граѓаните. Црните информации се дека загадувањето ја зголемува смртноста како последица од ковид за минимум 15 проценти.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ЦУК бара да се продолжи кризната состојба

Next Post

Концерт на тројца врвни музичари во Филхармонија во четврток

Реклама