Dark Mode Light Mode

Фатена група на дилери, запленети 3,5 килограми марихуната

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Дебар и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога вчера во Скопје разбија група нарко дилери и запленија марихуана.

Околу 11.45 часот на бул. „Борис Трајковски“ во Скопје запрено е возило „Џип“ со скопски регистерски таблички, управувано од В.М. (34) од Скопје, а како сопатник бил М.Г. (29) од Скопје и при извршениот преглед се пронајдени 3,5 килограми марихуана.

-Од преземените дополнителни мерки и активности утврдено е дека организатор на нелегалната продажба е А.М. (27) од Дебар, кој заедно со Ф. П. (29) од Скопје договарале купопродажба на дрогата на паркинг на бул. „Кочо Рацин“. Во 12 часот во близина на транспортниот центар во Скопје приведен е А.М. и при извршен преглед кај него пронајдени се 70.500 денари и 1800 евра кои ги добил за продажбата на дрогата. Во 12.10 часот на паркинг на бул. „Кочо Рацин“ приведен е Ф.П. Во истрагата се обезбедени докази за инволвираност во кривичното дело и за уште две лица: Р.А. (35) и П.Ѓ. (32), соопшти МВР.

Реклама

По документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Аман веќе од возачи далтонисти, полицијата е на потег

Next Post

Време е Филипче да реагира ревносно околу смртноста на пациентите како што силно реагираше во одбрана на Заев

Реклама