Dark Mode Light Mode

Богдановиќ: Верувам дека сугестиите на Црвенковски се искрени

Верувам во искрените намери на Бранко Црвенковски и неговите критики и сугести кои поранешниот претседател на државата и лидер на СДСМ ги даде во вчерашното писмо и неговиот повик партијата да свика Централен одбор, изјави денеска градоначалникот на скопската општина Центар Саша Богдановиќ одговарајќи на новинарско прашање.

Врзано за реакциите околу интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција „Бгнес“ тој смета дека треба да се постигне единство во државата.

– Станува збор за осетлива тема која што допира до секој од нас. Не сакам од старт да давам осуди за било што за да не влијаеме во процесот на преговарање. Има податоци за кои што сме запознаени, а има и такви за кои не сме запознаени. Треба да оставиме простор и време за да видиме што значи тој договор и на крај секој од нас ќе си го каже својот став. Многу ни е важно сите да знаеме која ни е целта и патот по кој одиме, но исто така е важно да знаеме која е цената што ние како општество треба да ја платиме. Верувам дека се искрени намерите и како сугестија и како критика, со цел да се постигне единство како држава, не само како партија. Само така ќе имаме исчекор во процесот во кој долго време бевме заглавени, рече Богдановиќ.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Што се случува во СДСМ, што сопартијците си напишаа едни на други?

Next Post

Македонија во четвртиот барабан за квалификациите за СП

Реклама