Dark Mode Light Mode

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со протести, бара и гласање за доверба на Владата

По синоќешниот протест пред Владата, опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавува и расправа за доверба на Владата. Имено, предлог за расправа за доверба на Владата следната недела ќе поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во македонскиот парламент, изјави синоќа Христијан Мицкоски, лидер на партијата во телевизиското интервју на ТВ21.

-Ценам дека сите овие порази кои се случуваат на македонската политичка сцена, а кои се резултат на незнаењето, или неработата, или ограничените капацитети на одговорните, мислам треба да кулминираат со една постапка во Собрание каде ВМРО-ДПМНЕ заедно со другите опозицискии партии ќе побара дебата за работата на Владата после овие 100 дена, или треба да се расправа за доверба на владата, рече Мицкоски.

Тој рече дека последното интервју на премиерот Зоран Заев искажани за „Бгнес“ му предизвикале чувство на гадење.

Реклама

-Интервјуто предизвика чувство на вознемиреност до гадење, особено кога чув дека од Струмица до Петрич говореле со дијалект на бугарскиот јазик. Македонците во Струмица зборуваат на македонски јазик. И тоа е една глупост. Јас не знам дали тоа го прави од незнаење, дали од немоќ, дали да остави поциркузантски впечаток, па да си поигруваат со него. Исто така не можам да се сложам дека имаме заедничка историја со Бугарија, се додека не подрaзбарат дека тоа се два различни народи. Таа различна историја не може да биде знак на равенство, рече Мицкоски.

Мицкоски претходно, зборуваше на протестниот митинг што се одржа пред зградата на Владата. Пред повеќе илјади граѓани кои претестираа во автомобилска колона тој побара оставка на Заев.

ставка на Заев, слобода на народот! Премногу молчевме! Премногу бевме со наведната глава, но сега е времето кога треба да ја кренеме главата и да кажеме  ДОСТА Е! Време е Македонците повторно да се борат и да се изборат за својте правдини. Ова што Зоран Заев ѝ го прави на Македонија е срамно. Срамно е измамништвото негово. Нема човек од Македонија кој не почувствува срам кога го гледаше онака понизно, како со треперлив глас се додворува на бугарската политичка елита, потенцира лидерот на опозицијата.

Тој побара од Заев под итно јавно да се извини за своите ставови изнесени на бугарскиот медиум, за навредите врз македонските граѓани и нашите предци и херои.

– Тоа не е став на Македонија. Нема право да го урива наследството и придобивките оставени и наследени од нашите претходници и предци. Совршено е јасно дека Заев не може да испорача ништо добро за својата држава и мора да си оди. Затоа, бараме итна и неотповиклива оставка од Заев!  Оставка веднаш! Оставка на Заев, слобода на народот! Во народот е силата и заедно ќе продолжиме. Ги повикуваме сите да излезат на улиците, а со целосно почитување на мерките препорачани поради корона кризата ќе организираме блокади во слободарско Куманово, Тетово, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид. И нема назад. Заедно до крај. Македонија е жива. Ги издржала фашистите. Ќе го победиме и ова зло кое не снајде, сите заедно и старо и младо, браќа и сестри. Сите ние сме Македонија, и сите заедно ќе победиме! Да е вечна, вековита, и да живее нашата Македонија, порача Мицкоски.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ексклузивен гала оперски концерт вечерва во МОБ

Next Post

Аман веќе од возачи далтонисти, полицијата е на потег

Реклама