Dark Mode Light Mode

Една година по појавата на вирусот кој зарази 55 милиони луѓе и одзеде 1.300.000 животи

Пред точно една година, регистриран е првиот случај на корона вирус. Станува збор за 55-годишен маж од кинеската провинција Хубеи. Оттогаш, бројот на заразени лица во светот надмина 55 милиони, а повеќе од 1.300.000 луѓе починаа од последиците предизвикани од овој вирус.

Нулта пациентка е регистрирана, според Чајна Морнинг пост, на 17 ноември 2019 година во кинеската провинција Хубеи. Тоа е повеќе од еден месец пред лекарите да ги регистрираат првите случаи во Вухан. Научниците се сомневаат дека Ковид-19 од лилјаците преминал на друго животно, по што започнал да се шири меѓу луѓето. Но има и други мислења.

Експертите тврдат дека од 17 ноември минатата година, по неколку пациенти биле пријавувани секој ден, а на 15 декември 2019 година, бројката се искачила на 27. Потоа бројките тогаш почнаа да вртоглаво се зголемуваат, а заразата ја премине кинеската граница и се рашири низ светот. речиси се остана ниту една област на земјината топка каде што не продре опасниот вирус.

Реклама

Иако повеќе од 38 милиони луѓе се опоравиле за една година, вирусот не се откажува и се чини дека врвот допрва доаѓа. Денес, најнаселената земја во светот, од каде започна сè, бележи неколку случаи на ден, додека во САД има 150.000 новоинфицирани, а во некои европски земји над 40.000. Во моментов, најголем број заразени има во САД, Индија, Бразил…

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ВМРО-ДПМНЕ: Јавно ја предупредуваме владата на Заев да не ги руши темелите на македонската држава  

Next Post

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 43 пациенти

Реклама