Dark Mode Light Mode

Шилегов го претстави новиот концепт за градските тротоари

Велосипедската патека до коловозот, жардињера со зеленило или дрворед и пешачката патека е новиот стандард кој ќе се применува за градските тротоари. Ова го најави скопскиот градоначалник Петре Шилегов на денешната промоција на новиот тротоар на  булеварот 11. Октомври, на потегот од булеварот Кочо Рацин до улицата Стив Наумов“. Истовремено, велосипедската и пешачката патека од коловозот се одвоени со заштитни столпчиња што дополнително ја зголемува безбедноста на пешаците и велосипедистите. За пешачките патеки исфрлени се од употреба плочките што брзо се оштетуваат и користен е печатен бетон кој е поотпорен како материјал и како таков поволен за пешачење.

 Во градот надвор од автомобилскиот, секако мора да имаме соодветна  инфраструктура и на алтернативниот сообраќај, пред се на велосипедскиот и на пешачкиот. Ова е стандардот што веќе го работиме, гледате дека и центарот добива сосема нов лик и Скопје чекор по чекор станува онаков град каков што јас, меѓутоа и граѓаните на Скопје го замислуваме, а скопјани го заслужуваат, вели Шилегов.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Во сообраќајката на „Партизанска“ повредени шест лица

Next Post

Се испитува како починале 12 пациенти од вирусот во неколку клиники во Македонија

Реклама