Dark Mode Light Mode

ВМРО-ДПМНЕ: Јавно ја предупредуваме владата на Заев да не ги руши темелите на македонската држава  

ВМРО-ДПМНЕ со свои коалициски партнери јавно ја предупредува владата на Заев да не тргува со националните интереси, да не ги руши темелите врз кои е изградена модерна македонска држава, а кои се создавани од генерации, се наведува во денешното партиско соопштение.

Во него се потенцира дека Зоран Заев и неговата влада продолжуваат да ја понижуваат Република Македонија и дека аматеризмот на Заев ја води Македонија кон извисување пред вратите на ЕУ.

Во соопштението се наведуваат ставовите на кои стори ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“:

Реклама

1.Коалицијата цврсто стои на уставната одредба за антифашистичкиот карактер на народноослободителната борба, и остро се спротивставува на промените на Уставот кои значат негирање на антифашистичкиот карактер на народноослободителната борба!

 2.За коалицијата – македонскиот јазик, неговите историски корени и антропологија, како и неговата признаеност се неспорен историски факт кој е потврден и признат од целокупната светска научна јавност и околу овој факт нема дискусија.

 3.Коалицијата инсистира на признавање и почитување на македонското малцинство и неговите европски загарантирани права, а кое опстојува кај нашиот источен сосед и чие постоење е потврдено од страна на европски надлежни правни институции, како што е Судот за човекови права во Стразбур. Воедно го повикуваме источниот сосед да ги почитува одлуките донесени од овој суд, а кои се однесуваат на правата на македонското малцинство во Бугарија.

 4.Коалицијата повикува на почитување на македонската историја и нејзината посебност. И се спротивставува на вештачката промена на улогата и карактерот на националните херои кои се бореле за слободна и независна македонска држава.

 5.Коалицијата енергично потенцира дека македонскиот идентитет е неспорен и засебен, и има свој посебен историски, правен политички и културолошки развој. Кон овој став едногласно се придружуваат и припадниците на партиите од коалицијата кои што ги преставуваат етничките заедници кои се различни од македонскиот народ.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Џафери сам предложи Собранието да работи онлајн, опозицијата е против

Next Post

Една година по појавата на вирусот кој зарази 55 милиони луѓе и одзеде 1.300.000 животи

Реклама