Dark Mode Light Mode

Во „Лајка“ згрижени 25 бездомни кучиња, дел се заловени по пријава дека се агресивни

До сега во прифатилиштето на ЈП Лајка – Скопје се згрижени 23 бездомни кучиња од улиците на град Скопје. Дел од нив се заловени од нашите тимови по пријава на граѓани дека се агресивни, а дел од кучињата се донесени од граѓани на кои што неизмерно им благодариме за соработката, информира денеска ЈП Лајка. Во информацијата до јавноста се наведува дека резултатите од нивните тестови од лишманија од Факултетот за ветеринарна медицина се негативни и сите се во добра здравствена состојба.

Половина од нив веќе го поминаа третманот односно се стрелизирани/кастрирани, вакцинирани од заразни болести и беснило, имаат аплицирано ушна маркица и микрочип кои што се евидентирани со кооринатите од каде што се заловени. Новите ушни маркици имаат посебен број и код според општината, се наведува во соопштението.

Се наведува и тоа дека тим од сертифицирани професионалци започна со заловување на бездомните кучиња низ градот Скопје и нивно сместување во прифатилиштето.

Реклама

По задолжителниот преглед, вакцинација, стерилизација и чипирање, односно по нивното заздравување откако ќе завршат со постперативниот третман, ќе бидат сместени во одделот за вдомување каде граѓаните ќе имаат можност да си го вдомат својот иден миленик, наведуваат од Лајка.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Се испитува како починале 12 пациенти од вирусот во неколку клиники во Македонија

Next Post

Поранешниот реис Реџепи тврди дека помогнал Пендаровски да стане претседател, од кабинетот демантираат

Реклама