Dark Mode Light Mode

Најден е загадувачот во Трнодол, ќе добие максимална казна

Откриен е сторителот на нелегалното депонирање на градежен шут во скопската населба Трнодол, соопшти синоќа Инспекторатот на Град Скопје. До интервенцијата на инспекторите дојде откако на социјалните мрежи вчера попладне се појави снимка на камион кој истовара градежен шут покрај патот од Трнодол кон Шпанското село, во близина на германска амбасада.

-На сторителот ќе му биде изречена највисоката законски предвидена глоба и задолжување да го врати теренот во првобитна состојба, најави Инспекторатот.

На објавената снимка на социјалните мрежи јасно се гледа како голем камион истовара големо количество на градежен шут, не само во долот туку и на новоасфалтираната улица. Возачот и неговиот помошник кој го истовариле шутот останаа неми на реакциите на граѓаните дека не смеат да го истовараат шутот.

Реклама

На оваа локација несовесни граѓани често оставаат градежен шут и таа е претворена во своевидна депонија. Очигледно е дека повремените интервенции и откривањето на сторителите нема да го реши овој проблем кој бара поголеми мерки за заштита на локацијата.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Сообраќајка на „Партизанска“: Повредени повеќе лица, уништено и возило на итна помош

Next Post

Џафери сам предложи Собранието да работи онлајн, опозицијата е против

Реклама