Со тешки телесни повреди се здобила 45-годишна жена во сообраќајна несреќа што се случила вчера во струмичко.
Полицијата соопшти дека несреќата се случила во 09:45 часот на магистралниот пат А-4 Струмица- Ново Село на делница од село Босилово до село Турново. Во незгодата учествувале патничко моторно возило „Цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Д.(34) од село Иловиа, и паркирано патничко моторно возило „Фиат пунто“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на З.С.(45) од село Костурино во кое сопатник бил Р.С.(55) од село Костурино.
–Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила З.С. констатирани од доктор во Јавна здравствена установа Струмица. Сите учесници во незгодата се пренесени во Јавна здравствена установа Струмица за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Струмица, информира МВР.