Вкупно 386 казнени санкции изрекла полицијата при вчерашните контроли на градските сообраќајници.
– 33 санкции биле за возење без возачка дозвола, 41 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 7 за управување под дејство на алкохол, 72 за непрописно паркирани возила и 70 за неносење заштитна маска, се наведува во соопштението на МВР.
Од таму апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и воедно информираат дека од утре почнува обврската за носење на зимска опрема.