Dark Mode Light Mode
Голот на Пандев номиниран од УЕФА за најубав гол во баражите
Лани во Македонија 132 лица го загубија животот во сообраќајни незгоди, а 5.164 лица се повредени
45-годишна жена тешко повредена во сообраќајка во струмичко

Лани во Македонија 132 лица го загубија животот во сообраќајни незгоди, а 5.164 лица се повредени

Сообраќајните незгоди не се случајни,  туку се предизвикани од невнимателно и неодговорно учество во сообраќајот, се наведува во соопштението на Републички совет за безбедност во сообраќајот на патиштата по повод 15 ноември, Светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајните незгоди.

Во апелот се укажува дека сообраќајните незгоди, за жал, се сериозен проблем на сите современи општества.  Трогателните слики со  смрт и крв на патиштата, кои секојдневно се случуваат на патиштата ширум светот, се тешки и мачни за гледање, но уште потешко е директно да се соочите со нив и  со нивните последици.

За жал, црната светска и домашна  статистика и понатаму  покажува дека  сообраќајните  незгоди се причина за голем број на  загубени  човечки животи,  голем број на загинати лица и  уште поголем број на повредени лица со трајни телесни повреди,  уништени семејства и  огромни материјални загуби.

Реклама

Според  СЗО, годишно, во светот 1,3 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди, а 20 до 50 милиони лица се повредени.  Тоа значи дека над 3.500 лица умираат дневно, како последица од сообраќајни незгоди, односно на секои 24 секунди, едно лице,  – нечие дете, брат, сестра, родител, роднина, пријател…. го губи животот во сообраќајна незгода. Според статистиката, во 2019 година , во Македонија, 132 лица го загубија животот  во сообраќајни незгоди, а 5.164 лица се повредени, се потенцира во обраќањето.

РСБСП портенцира дека е потребно да се каже стоп за смртта на патишта.

Сите сме потенцијални жртви! Многу  човечки  судбини денес  ќе беа различни, многу семејства кои денес се обвиткани во црно, ќе беа посреќни и повесели,  многу детски или родителски солзи немаше да се пролеат, доколку  сите учесници во сообраќајот покажат повисоко ниво на свест, совест,  дисциплина и одговорност во сообраќајот.  Да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи!  Покажи грижа!  Разбуди ја  свеста!   Вози совесно и одговорно!, се наведува во апелот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Голот на Пандев номиниран од УЕФА за најубав гол во баражите

Next Post

45-годишна жена тешко повредена во сообраќајка во струмичко

Реклама