Dark Mode Light Mode
Во Аеродром e секој седми од скопските случаи на корона вирус
Над 200 илјади граѓани неделава ќе им се исплатат парите од „Викендот без ДДВ“
Украл телефон од малолетно девојче во Драчево

Над 200 илјади граѓани неделава ќе им се исплатат парите од „Викендот без ДДВ“

Во текот на оваа недела граѓаните треба да добијат средства по основ на мерката „Викенд без ДДВ“ со што од страна на државата ќе добијат вкупно околу милион евра. Ова го најави министерот за финансии Фатмир Бесими откако во македонскиот парламент беше изгласан ребаланс на државниот буџет.

Според податоците од УЈП, поврат на ДДВ од продолжениот викенд ќе добијат вкупно 204.088 граѓани кои купувале македонски производи и услуги како и компјутерска опрема и издадените фискални сметки ги скенирале преку апликацијата МојДДВ. Оваа мерка можеа да ја искористат околу 350 илјади граѓани кои се регистрирани во системот на Управата за јавни приходи за скенирање фискални сметки.

Оваа мерка беше спроведена на 10, 11 и 12 октомври, кога беше реализиран вкупен промет од околу 9 милиони евра, или поточно 558.176.715 денари, од кои, како што соопштија од Управата за јавни приходи, повратот изнесува 66.853.929 денари, односно нешто над милион евра.

Реклама

Владините проекции при најавата на оваа мерка беа дека ќе се потрошат над 170 милиони евра, а повратот на ДДВ ќе биде во вкупна висина од 17 милиони евра.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Во Аеродром e секој седми од скопските случаи на корона вирус

Next Post

Украл телефон од малолетно девојче во Драчево

Реклама