Dark Mode Light Mode
Шилегов и галиите во Вардар не можат едни без други
Зарем уште има дилема дали 200.000 евра да се трошат за светлечки чадорчиња или за чадор против вирусот, загадувањето…?
Казнет 271 возач во Скопје, 70 возеле неисправни возила и без возачка дозвола

Зарем уште има дилема дали 200.000 евра да се трошат за светлечки чадорчиња или за чадор против вирусот, загадувањето…?

 Му треба ли на градот, навистина, новогодишно украсување за кое ќе се потрошат 200.000 евра? Прашањето е актуелно ако се знае дека имаме ситуација кога опасниот корона вирус се шири неконтролирано и бара нови и нови мерки и вложувања за да се одбраниме од него. А властите велат дека кубурат со пари…

Зарем состојбата не е таква да бара секаде каде што е можно да запрат непотребните трошења? А украсувањето на градот, очигледно, ќе биде непотребно трошење, особено што красењето може да се направи далеку поскромно.

Здравствениот систем е веќе на колена и бара помош, донации… Зошто средствата наменети за светлечки чадорчиња и ѕвездички да не се потрошат за подобро здравство, за потребите на сиромашни ученици чии семејства немаат пари да им купат лап-топови за следење на онлајн наставата, за загадувањето…

Реклама

Намената лесно ќе се најде и во тоа не смее да има пречки и оправдувања од типот дека законската регулатива не дозволува пренамена на градските буџетски средства. Пренамена може да направи оној кој претходно за друго односно за украсени елки ги наменил. Ако тоа не било можно, тогаш како и зошто се прават ребаланси на буџетите?

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Шилегов и галиите во Вардар не можат едни без други

Next Post

Казнет 271 возач во Скопје, 70 возеле неисправни возила и без возачка дозвола

Реклама